Archives

Author's Posts

ЈЗУ Здравствен дом Свети Николе Ве информира дека од 21.07.2025 год. во биохемиската лабараторија ќе можете да ги добивате долунаведените испитувања со претходна консултација со матичен лекар и плаќање на партиципација со што го зголемуваме бројот на услуги за што пациентите нема потреба да одат во други градови

1.Алерголошки Рида тест (алергиски панел) -шифра БА29

2.Микроалбуминурија(uACR)- шифра БА21/11

3.FSH (фоликуло стимулирачки хормон)-шифра БА11/6

4.LH (лутеинизирачки хормон)-шифра БА 11/7

5.IE2 (естрогени) шифра БА 11/8

6.PRL (пролактин) шифра БА11/9

7.PROG III (прогестерон) шифра БА11/10

8.TST (тестостерон) шифра БА 11/13

9.DHEA -S (дихидроепиандростендион) шифра БА11/12

10 .SHBG (sex hormone binding globulin) шифра 11/31

11.HCG (хуман хорионски гонадотропин) шифра БА 16/3

Ве известуваме дека од м.Март 2025 година во здравствениот дом преку МОЈ ТЕРМИН услуги ќе пружаат специјалисти од КБ Штип и тоа Офталмолог,Психијатар,Невролог и Уролог. Прегледите ќе може да се закажат преку матичен лекар.

Здравствен Дом “Ѓорѓи Гаврилски” Свети Николе ги известува граѓаните на Општина Свети Николе и Лозово ЗАПОЧНУВАЈЌИ во ден Среда (24.10) Четврток (25.10) и Петок (26.10) во Просториите на т.н. Малата Амбуланта – Вакцинален Пункт (од 08;00 до 13 часот) ќе се започне и ќе се врши вакцинирање на населението од Сезонски грип во времетраење од 1 месец. ( секоја среда ,четврток и петок)
Воедно во просториите на Вакцинација во Здравствениот Дом Свети Николе ќе се врши и вакцинирање против Covid 19 со Pfizer вакцина и бустер доза. Сите заинтересирани можат да се пријават за Covid вакцината и бустер доза на Вакцинација .

Oд месец Октомври 2024 на MOJ TEРМИН ке бидат достапни специјалистичко консултативни услуги еднаш неделно на специјалист Уролог и специјалист Психијатар. Достапни на граѓаните – осигурениците со закажување преку матичниот лекар на мој термин.

На 18-ти ноември, Амбасадорот на Јапонија, г. Хиронори Савада, присуствуваше на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во Јавната Здравствена Установа (ЈЗУ) Здравствен дом Свети Николе. Церемонијата беше организирана од страна на Градоначалникот на Општина Свети Николе, г. Дејан Владев, и Директорката на ЈЗУ Здравствен дом Свети Николе, д-р Славица Панева, во знак на благодарност за донацијата.
 Со овој проект, Јапонија овозможи ЈЗУ Здравствен дом Свети Николе да добие ново санитетско возило, во вкупен износ од 54,633 евра.
 Во текот на посетата, Амбасадорот Савада имаше кратка средба со Градоначалникот на Општина Свети Николе г. Владев, и Директорот на Здравствен дом Свети Николе, д-р Панева. За време на средбата тие разговараа за можностите за идна соработка.