Oд месец Октомври 2024 на MOJ TEРМИН ке бидат достапни специјалистичко консултативни услуги еднаш неделно на специјалист Уролог и специјалист Психијатар. Достапни на граѓаните – осигурениците со закажување преку матичниот лекар на мој термин.
На 18-ти ноември, Амбасадорот на Јапонија, г. Хиронори Савада, присуствуваше на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во Јавната Здравствена Установа (ЈЗУ) Здравствен дом Свети Николе. Церемонијата беше организирана од страна на Градоначалникот на Општина Свети Николе, г. Дејан Владев, и Директорката на ЈЗУ Здравствен дом Свети Николе, д-р Славица Панева, во знак на благодарност за донацијата. Со овој проект, Јапонија овозможи ЈЗУ Здравствен дом Свети Николе да добие ново санитетско возило, во вкупен износ од 54,633 евра. Во текот на посетата, Амбасадорот Савада имаше кратка средба со Градоначалникот на Општина Свети Николе г. Владев, и Директорот на Здравствен дом Свети Николе, д-р Панева. За време на средбата тие разговараа за можностите за идна соработка.